-->
-->
Приведено лицето кое вчера пукаше во полицаец во Велес
-->

Денеска околу 10.00 часот, полициски службеници го лишиле од слобода и привеле во Полициска станица Велес Ѓ.К.(31) од Велес. Тој, на 02.02.2020 околу 10.15 часот пред црквата „Св.Спас“, кај Градските гробишта во Велес, на полицискиот службеник Е.М.(46) му го одзел службениот пиштол и пукал кон него. Претходно, тој со уште три лица физички нападнале полициски службеници при преземање на службени дејства. Тројца од напаѓачите беа приведени вчера во полициска станица. По целосно расчистување на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Песков: Москва и понатаму очекува разговори со Зеленски
-

Пентагон потпиша седумгодишни договори со производители на оружје
-

ПМФЛ: По бод за Тиквеш и Вардар
-

Руското разузнавање ја обвини ЕУ дека се подготвува за мешање во септемвриските избори во Русија
-

До 18:30 регистрирани 17 пожари на отворен простор, седум активни и три под контрола
-

Меси стави крај на репрезентативната кариера
-

Трамп: Иран е пропадната држава која си ги убива своите граѓани
-

Од утре почнува да сообраќа „Градскиот воз“ на релацијата Зелениково-Скопје
