Приведено лицето што нападна лекар на Клиниката за токсикологија
Во текот на вчерашниот ден приведен е С.А. (32) од Скопје кој нападна лекар на Клиниката за токсикологија. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава, потврдија од МВР за МИА.
Инцидентот на Клиниката за токсикологија се случи вчера, е лекарот што бил нападнат завршил со неколку хематоми и расекотини по телото.
Осуда за нападот на лекарот, во објава на Фејсбук упати министерот за здравство венко Филипче.
-Најостро го осудувам овој чин, нема оправдување за насилство. За жал, ова не е прв ваков инцидент, лекарите често се изложени на вербални и физички напади. Да не заборавиме дека овие луѓе се грижат за нашите блиски и спасуваат човечки животи. Насилството не е решение и не смее да биде. Ги повикувам институциите целосно да го истражат случајот и соодветно да санкционираат, напиша Филипче.
Ново на Сител
-
Северна Кореја лансираше неидентификувана ракета
-
Убиен војник во престрелка меѓу египетската и израелската војска кај Рафа
-
Седница на Извршниот одбор на СДСМ за предвремените внатрепартиски избори за ново раководство
-
ДИК го одби приговорот од „Европски фронт“ за изборното место во Ларце
-
Скопската вода добра за пиење, покажуваат најновите испитувања
-
Гаши поднесе оставка од функцијата претседател на Алтернатива
-
Скопјанец ограбен во Градски парк
-
Пронајдено 14-годишното девојче по кое се трагаше три дена