Македонија
29. March 2022 - 12:29

Привенен турски државјанин на Скопски аеродром, пронајден пиштол и муниција

На 28.03.2022 во 07.30 часот на Граничниот премин „Meѓународен аеродром“-Скопје, полициски службеници го лишиле од слобода O.Х.Х.(29) од Турција, затоа што при контрола во неговата патна торба биле пронајдени и одземени еден пиштол со  рамка за муниција и 60 куршуми. За настанот бил известен Јавен обвинител, а лицето било предадено на полициски службеници од СВР Скопје за понатамошна постапка.