Свет
22. September 2024 - 8:49

Про-ирански групи во Ирак презедоа одговорност за напад со беспилотно летало врз Израел

Ирачка коалиција на проирански вооружени групи денеска презеде одговорност за напад со беспилотно летало врз Израел, од каде соопштија дека пресретнале „повеќе сомнителни воздушни цели“ кои доаѓале од Ирак во текот на ноќта.

„Борците на Исламскиот отпор на Ирак во неделата утрото таргетираа стратешка локација на окупираните територии со помош на беспилотни летала“, се вели во соопштението на ирачката коалиција на Телеграм.
Тие додаваат дека тоа е извршено „за поддршка на нашиот народ во Газа“.