Пробиштип го проектира Буџетот за 2017 година
Градоначалникот на Пробиштип Тони Тоневски денеска имаше средба со претседателите на месните заедници, на која беа изнесени предлог проекти за следната година.
Тоневски посочи дека буџетот за 2017 година очекува да изнесува околу 120 милиони денари, што е за 89 милиони денари помалку во споредба со буџетот за тековната година.
- Оваа година имавме најголем буџет досега во постоењето на нашата општина, некаде околу 209 милиони денари. Сметаме дека буџетот кој го планираме за наредната година е реален, бидејќи примањата, односно полнењето на буџетот се трудиме да биде реален согласно нашата долгорочна стратегија. Добро би било ако собереме повеќе приходи и како оваа година да имаме ребалнс на буџетот, рече Тоневски.
Тој забележа дека и за наредната година приоритет ќе биде инфраструктурата, за што во буџетот се планирани 50 милиони денари.
Претседателите на месните заедници од локалната власт бараат изградба на водоводни мрежи, улици, чистење на речни корита и локални патишта до земјоделските површини.
Во рамките на активностите за правење на програмите за работа на одделенијата во општина Пробиштип и на комуналното претпријатие денеска во Пробиштип се одржа и третата Форумска сесија. Александра Петровска вработена во Општина Пробиштип вели дека до крајот на годината ќе имаат уште две Форумски сесии на кои ќе се конретизираат проектите за наредната година.
Ново на Сител
-
ЕУ сè уште не одлучила дали постепено ќе го воведе новиот систем за контрола на надворешните граници
-
Новогодишна наградна игра: Веро доделува половина милион денари за најсреќниот потрошувач
-
Нормализиран сообраќајот на железничката линија Скопје-Велес откако локомотива од товарен воз се излизга од шините
-
Николовски од Будимпешта: Со силна поддршка од ЕУ, ја подобруваме поврзаноста со регионот и Унијата
-
Надал пред Дејвис купот: Не сум тука за да се пензионирам, туку да му помогнам на тимот
-
АХВ: На влезот на Дебар спречен обид за пренос на 17 телиња
-
Советот на јавни обвинители ја потврди одлуката на републичкиот обвинител за суспендирање на Хајрулахи
-
Предлог притвор за малолетник кој со нож во глава убодел 15-годишник