-->
-->
Прободено со нож едно лице од Струга
-->

На 24 ноември 2017 година во 21:15 часот во Полициската станица Струга, И.М. (28) од Струга пријавил дека истиот ден околу 20 часот, зад „Пензионерскиот дом“-Струга, со патничко возило „БМВ“ со струшки регистарски ознаки, сопственост на неговата сестра, а управувано од М.Н., кога пристигнале и излегле од возилото, М.Н. ненадејно со нож го прободел во пределот на десната страна на грбот, по што И.М. паднал на земја.
Тогаш, М.Н. со јаже му ги врзал нозете, му го одзел возилото и заминал во непознат правец. По околу 20 минути И.М. успеал да се одврзе и отишол во еден угостителски објект, од каде со лицето Ј.М. се упатиле во Медицински центар Струга.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Розалија Секулоска, психолог
-

Пукање во воздух со пиштоли на прослава во Гостивар
-

Скопјани на удар од западно-нилска треска – нови сомнителни на Инфективна
-

Гостивар во очекување на вода за пиење
-

Кризна состојба поради опасност од пожари
-

Индустриското производство расте, долгот се намалува
-

Нов ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ
