Македонија
20. January 2017 - 8:22

Продавница АПоТЕКА во склоп на Младинскиот културен центар

Младинскиот културен центар по повод Роденденот на уметноста, кој го прославува во изминатите шест години, денеска ќе отвори продавница за дискови, книги, ракотворби... со назив АПоТЕКА.

Модерно опремената продавница каде што ќе може да се купат предмети од културата и уметноста се простира на околу 50 квадратни метри и се наоѓа веднаш до инфопултот на влезот во МКЦ. 

-  Во АПоТЕКА ќе се снабдите и наимате со сè што нема да го пронајдете во „светилиштата“, популарните „молови“: плоча, диск, книга, ракотворба, велосипед, облека... Или: сите намирници од уметноста и културата неопходни за „преживување“, без рецепти. Своја нова адреса ќе најде и легендарната скопска продавница за плочи Maximum Rock'n'Roll, информира МКЦ.