Македонија
6. October 2015 - 8:53

Продолжение на 67. седница на Собранието

Собранието на Република Македонија денеска треба да одржи продолжение на 67. седница.

На дневен ред на седницата се предлог-законите за изменување на законите за основното образование, за средното образование и за наставници во основните и средните училишта, во прво читање, поднесени од пратениците од СДСМ.

На предлог на опозициските пратеници треба да се расправа и за предлог законите за изменување на законите за минимална плата, за буџетите  во прво читање, како и за Информацијата за проблемот со се поголемото иселување,особено на младите од Република Македонија.