Продолженија на две собраниски седници
Собранието на Република Македонија денеска треба да ги продолжи 19. и 20. пленарни седници.
На дневен ред на 19. седница се измени и дополнувања на Законот за инспекцијата на труд, измените на Законот за инвалидски организации и двата по скратена постапка, како и измените и дополнувањата на Изборниот законик, по скратена постапка, поднесен од опозициските пратеници Сурија Рашиди и Никола Мицевски.
Заостанати точки на дневен ред на 20. седница се Предлог на закон за задолжување на Република Македонија со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка по Договорот за заем за финансирање на Проектот за енергетска ефикасност во јавниот сектор, по скратена постапка, како и Предлог на закон за решавање на спорот помеѓу Владата на Република Македонија и Макпетрол АД Скопје по пат на спогодба, по скратена постапка.
Ново на Сител
-

Седница на ИК на ВМРО ДПМНЕ
-

Силјановска и Јотова на средба во Бугарија
-

Седница на ИК на ВМРО ДПМНЕ
-

Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за обрзование и наука
-

Преглед на вестите од светот
-

Силјановска и Јотова на средба во Бугарија
-

СДСМ поднесе интерпелација за министерот Трипуновски поради лошата состојба во земјоделието
-

Железничко поврзување Скопје - Софија во 2031 година
