Продолжува црниот биланс на починати во велешката болница
На Инфективното одделение при велешката Општа болница синоќа починаа две жени на 57 и 86 годишна возраст од Велес.Тие се дванаесетта и тринаесетта жртва починати во велешката болница од почетокот на минатата недела.Синоќа на Инфективната клиника во Скопје, пак, почина и Игор Ангеловски, поранешен началник на СВР Велес, кој се лекуваше во велешката болница па беше префрлен на Инфективна во Скопје.
Како што информира д-р Весна Неделковска Николова портпарол на ЈЗУ Општа болнца Велес, едната пациентка која почина синоќа е на 57 години со прекумерна телесна тежина и хипотиеоза примена во болницата на 25 октомври и со многу ниска сатурација на кислород, 86 годишната жена со хипертензија е примена на Инфективно одделение при велешката Општа болница на 19 октомври.
Моментално на Инфективното одделение при велешката Општа болница се хоспитализирани 41 пациент од кои 33 потврдени и осум сомнителни кои чекаат резултати од тест, а 13 пациенти се на кислородна поддршка.
Од почетокот на епидемијата на Ковид-19, во Велес и велешко досега починаа 29 лица.
Ново на Сител
-
Приведен тинејџер, полицијата кај него пронашла дрога
-
Поевтинуваат дизелот и Еуросупер БС 98
-
Судскиот совет го одложи утврдувањето на кандидатски листи за избор на двајца членови на Советот
-
Од среда променливо облачно и посвежо со повремен дожд
-
Вработените во Фондот за здравство утре ќе протестираат
-
Србинка барана по Интерпол уапсена на аеродромот во Скопје
-
Утревечер седница на Советот за безбедност на ОН за Босна и Херцеговина по барање на Русија
-
За брзо возење 286 санкции на територија на цела држава