Продолжува неизвесноста околу покачувањето на платите на здравствените работници, реагираат синдикатите
Продолжува неизвесноста околу покачувањето на платите на здравствените работници, а сѐ уште не е потпишан и анексот на колективниот договор, со кој треба да се реализира покачувањето, неизвесно е како ќе биде исплатена априлската плата, реагираа на денешната прес-конференција, Љубиша Каранфиловски, претседател на Синдикат за здравство, фармација и социјална заштита и Предраг Серафимовски, претседател на Синдикат на Клинички.
Синдикалните претставници појаснија дека она што го очекуваат вработените, е она што било договорено, покачена плата за април и со разлика на плата од претходниот месец.
- Здравството е осетлив и значаен систем, столб на државата, нагласија претставниците на синдикатите.

Каранфиловски потсети дека досега се направени два протеста и дека во моментов во здравството се случува таканаречен бел или тивок штрајк, кој значи демотивираност на вработените, кои сепак совесно даваат здравствена услуга на пациентите, но, им се губи ентузијазмот.
Според нивните последни информации, Министерството за здравство чекало писмено мислење од Фондот за здравствено осигурување и Министерството за финансии, за да пристапи кон потпишување, а како информација и заклучок за покачување, поминало на Влада. Беше изразена надеж дека нема да дојде до тоа, да мора да се преземе најрадикалниот чекор, генерален штрајк.
Ново на Сител
-

Успешен ден за македонските кикбоксери: Три обезбедени бронзи и победа на Глигорова
-

ЈО: Истрага за нападот на Огненовиќ
-

Повеќе случаи на партнерско насилство низ земјава, приведени неколку лица
-

На Инфективната клиника има 12 пациенти со западнонилска треска од кои три се на интензивна нега
-

Мајка од Скопје пријавила профил на кој биле објавувани недолични содржини од нејзината ќерка
-

Кривична пријава за 15-годишник кој ја нападнал својата баба
-

Во кругот на фабриката Железара избувнал пожар - нема повредени
-

Две малолетнички тешко повредени откако паднале од електричен тротинет
