-->
-->
Продолжува женската ракометна Лига на шампиони
-->
Со натпреварот меѓу екипите на Баја Маре и Ференцвароф кој ќе се игра вечерва од 20 часот во Букурешт, продолжуваат натпреварите од главната фаза по групи во женската Ракометна лига на шампиони.
Ова е средбата од групата 1 во кој утре ќе играат, Ростов Дон – Турингер и Ларвик – Флори.
Во групата 2, за нас најголемо внимание ќе привлече настапот на македонските шампионки, ракометарките на ЖРК Вардар кои утре пред својата публика во СЦ „Јане Сандански“ од 17 часот и 30 минути ќе го играат дуелот против Савенхоф.
Покрај овој меч утре во оваа група ќе се игра и средбата Ѓер – Букурешт, а во недела на програмата е дуелот Мидтиланд - Будуќност.
Табела - група 1: Ростов Дон 12 бодови, ФТЦ Ференцварош 9, Ларвик 6, Баја Маре 4, Флори 4 и Турингер 1.
Табела – група 2: Будуќност 9 бода, Ѓер 9, Букурешт 7, ЖРК Вардар 6, Митјиланд 5 и Савехоф 0.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Претрес во фабрика за производство на канабис во Гостивар, приведени сопственикот и еден вработен | ВИДЕО
-
СДСМ: Пак нема лекови на Онкологија
-
ВМРО-ДПМНЕ: Пред Велигден ќе има терапија
-
Предлог законот за судска служба поставен на ЕНЕР
-
Цела недела се трага по исчезнато лице
-
Уапсен Миле Кекин, поранешен фронтмен на групата „Хладно пиво“
-
ОН: Царините на Трамп се погубни за земјите во развој
-
Вчера казнети 707 возачи, 218 за брзо возење