Проект за професионален и кариерен развој на наставниците
УСАИД, Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието денеска ќе ги одбележат заедничките достигнувања на Проектот за професионален и кариерен развој на наставниците.
Покрај презентацијата на спроведените проектни активности, предвидено е да се обратат директорот на мисијата на УСАИД, Џејмс Стајн, директорката на Бирото за развој на образованието Весна Хорватовиќ и Лорета Георгиева, директор на Македонскиот центар за граѓанско образование (МЦГО).
Проектот се реализираше од декември 2012 година до јуни 2016 година, а го спроведе Македонскиот центар за граѓанско образование.
УСАИД информира дека со проектот е надграден и подобрен системот за професионален и кариерен развој на наставниците кој ќе придонесе за поквалитетна воспитно-образовна работа на наставниците и повисоки постигнувања на учениците во Република Македонија.
Ново на Сител
-
Први во Европа, петти во свет - ама по загаден воздух
-
И денеска реакции за ветото на претседателката Сиљановска Давкова
-
Преглед на вестите од светот
-
Бадникови поворки и литургија - Верниците го одбележуваат Бадник, ден пред Христовото раѓање
-
Дефицит на кадар во охридските музеи
-
Преглед на вестите од светот
-
Koледарски огнови - Традиција во пресрет на Божиќ
-
Тема на денот со Александар Николоски министер за транспорт и врски