Професионален возач фатен со 2,12 промили алкохол
Министерството за внатрешни работи информира дека се изречени 65 санкции за брзо возење на територија на СВР Битола, меѓу нив и професионален возач со измерени 2,12 промили алкохол.
ОД МВР информираат дека денеска (31.01.2023) во периодот од 14.00 до 19.00 часот на територијата на СВР Битола спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 65 возачи. Меѓу санкционираните е и професионален возач, кај кого при контрола се измерени 2,12 промили алкохол. Притоа, 46 од санкционираните возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 19 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.
- Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, информираат од МВР.
Ново на Сител
-

Самит на ЕУ за Западен Балкан
-

Со големи попусти до 70% СЕТЕК го прославува својот 32 роденден
-

Тема на денот со Максим Димитриевски, претседател на ЗНАМ
-

Самит на ЕУ за Западен Балкан
-

Преглед на вестите од светот
-

Нова бомба со тврдења за фаворизирање
-

Љупчо Пецов Ѓаволот се предаде на полицијата, од бегство оди во куќен притвор
-

Советот на јавни обвинители утре ќе избира привремен наследник на Коцевски
