Програмер нашол маана на банкомат и си повлекол еден милион долари

Незадоволен банкарски програмер ја открива совршената шема за да направи банкомат да исфрла пари безусловно. Звучи како некој филм, но ова е вистина. Кинеските медиуми пренесуваат дека 43-годишниот Чјин Чјиишенг успеал да повлече повеќе од еден милион долари од банкомати на банката во која работел со користење на една луда мана.
Според известувањата, банкарскиот систем не ги снимал соодветно повлекувањата направени околу полноќ, па издавал пари без да ја отпишува сумата од сметката на корисникот. Нормално, тоа би вклучило аларм дека трансакцијата не успеала, но Чјиишенг наводно внел кодови во системот што ги потиснале тие предупредувања.
Чјиишенг почнал да повлекува пари во ноември 2016 година, но банката дури во јануари 2018 година, по 1.358 повлекувања на пари, го открила лошиот код во системот и го извела пред властите.
Можеби најизненадувачкиот дел од приказната е што банката не сакала да продолжи со тужењето откако тој ги вратил парите. Можеби поради страв од лош публицитет, банката наводно побарала од полицијата да го затвори случајот, прифаќајќи го објаснувањето на Чјиишенг дека тој само ја тестирал безбедноста на банката и ги чувал парите за банката да ги побара назад.
Сепак, судовите ја одбиле банката, па сега Чјиишенг го чекаат 10,5 години затвор, откако не му била прифатена жалбата. Тие не го прифатиле неговиот аргумент бидејќи тој ги префрлил парите на својата сметка, а и малку си вложувал на берза.
Ново на Сител
-

Утре надзорна расправа за Алта банка во Собрание
-

Почна расправата за Законот за јавни набавки
-

Тема на денот со Венко Филипче, претседател на СДСМ
-

Над 30 члена брои листата поканети говорници на надзорната комисија за Алта банка
-

Изгласан вториот ребаланс на буџетот
-

Трамп ја номинира адвокатката Кристи Меккормик за нова амбасадорка во Македонија
-

Нацрт-верзиите на Кривичниот Законик и Законот за кривична постапка отпатуваа за Брисел
-

До февруари „Сејф Сити“ низ цела држава – Годишно се очекуваат 10 милиони евра од казни во буџетот
