Пролонгиран протестот на судии најавен за 28 април
Предупредувачкиот протест, најавен за 28 април од страна на Здружениот на судии на РСМ, се пролонгира од причина што од Владата се преземени конкретни чекори, што се однесуваат на веќе договорените Измени на Законот за платите на судиите, а во однос на зголемувањето на коефициентот за пресметка на платите на судиите од 15 отсто, информираат од Здружениот на судии на РСМ. Од таму додаваат дека изрази очекуваат дека овие измени во најкраток можен рок, ќе бидат усвоени од страна на Собранието.
– Управниот одбор и понатаму ќе го следи процесот на реализација на веќе договорените прашања со Владата на РСМ и целосна имплементација на Стратегијата за подобрување на материјалниот статус на судиите, за што, во секое време ќе ги активира сите расположливи правни и останати механизми до целосно остварување на зацртаните определби, велат од Здружението на судии.
Ново на Сител
-

Најмалку 21 пожар на отворен простор
-

Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна политика
-

Град Скопје: Водата е безбедна
-

Скопјани масовно купуваат вода од маркетите - шпекулациите за ешерихија ги празнат рафтовите
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДС го допре дното
-

„Политико“: ЕУ ги менува правилата за проширување поради страв од блокада на Унијата
-

25 години Охридски рамковен договор
-

„Пулс“ незаконски бил пренаменет во дискотека, објектот бил предвиден за лесна индустрија
