Промени во раководството на ВМРО-ДПМНЕ, па до мај реконструкција на Владата и смени во дел од државните институции, најави Мицкоски

По конгресот на ВМРО-ДПМНЕ, претседателот на партијата и премиер Христијан Мицкоски најави промени во раководството до првата половина на април, по што до почетокот на мај ќе следува и реконструкција на Владата.
- И со тоа би ја комплетирала екипата која би била водечка екипа на следните парламентарни избори кои ќе се случат. Очекуваме да бидат редовни, пролетта 2028 -та и да се случат предвремени тука сме, ние сме подготвени да излеземе и уште еднаш да ги поразиме нашите политички противници, рече Мицкоски, кој денеска беше во посета на Општина Аеродром.
Мицкоски најави дека по новогодишните празници ќе излезе со предлог состав на Извршниот комитет на партијата, а потоа следен чекор е Извршниот комитет да распише генерален избор на структурите на партијата и на општинските комитети.
- Ова е процес кој што очекувам да трае најмалку два до три месеци. Нема да биде тоа така бргу, имајќи предвид дека интересот којшто го очекуваме да се случи е голем, или ајде да го заокружиме крајот на март, првата половина на април месец. Неминовно тоа наметнува да следен чекор биде реконструкција во Владата и во дел од државните институции - втора половина на април заклучно со мај, рече Мицкоски.
МИА
Ново на Сител
-

Советот на јавните обвинители ја назначи Наташа Крстевска Цалева за в.д. шеф на Вишото ЈО Скопје
-

Над 270 дечиња присустуваа на церемонијата на свечено менување на државното знаме во кабинетот на претседателката Сиљановска-Давкова
-

Ѓорѓиевски: Скопје ќе добие нов Луна парк, почнува јавната набавка за проектирање и монтажа
-

МВР: Утре на полигонот „Криволак“ ќе се уништи голема количина на минско-експлозивни средства запленети пред 15 години
-

КИНСИВ почна истрага за падот на спортскиот авион во Мавровското Езеро
-

Стопанска банка а.д. Битола од денес и официјално АЛТА банка АД Битола
-

Песков: Путин и Ердоган се согласија дека заплената на руски средства го загрозува меѓународниот финансиски систем
-

Трчањето во зима е корисно
