Променливо облачно и ветровито, опаѓање на утринските температури до крајот на неделава
Времето денеска ќе биде променливо облачно, во утринските и претпладневните часови во југоисточните делови од земјата ќе има повремена појава на слаб дожд кој ќе преминува во слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 2, а максималната ќе достигне од 3 до 10 степени.
Во Скопје променливо облачно, во делови од котлината наутро магливо. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне 10 степени.
Поради продор на постудена воздушна маса ќе има појава на слаб снег, а до среда ќе се задржи северниот ветер кој повторно ќе засилува.
- Во среда и четврток краткотрајно ќе биде стабилно, а во петок и на почетокот на викендот понекаде ќе има појава на слаб дожд, на планините понекаде ќе провејува снег. Утринските температури до крајот на работната недела ќе бидат во опаѓање, соопшти УХМР.
Ново на Сител
-
Избран нов Виш обвинител во скопското обвинителство
-
Нова компресорска станица на скопските клиники
-
Безбеден интерент за младите
-
Во ера на дигитализација младите не спортуваат
-
Телешко месо во месарите по цена од над 800 денари за килограм, а фармерите со „кратки ракави“
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Александар Кржаловски
-
Филипче: Родовите прашања се сведуваат на прашања за доминација, тоа е погрешно