Променливо облачно со повремен локален дожд
Времето во Република Македонија ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд, а на планините снег, особено попладне и кон крајот на денот. Ќе дува умерен северен ветер. Во ноќните часови повремен снег ќе има и на некои повисоки места.
Утринската температура ќе се движи од минус 5 до минус 1, а дневната од 4 до 12 степени.
Во Скопје променливо облачно со повремен локален дожд. Ќе дува умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до минус 3, а дневната ќе достигне до 8 степени.
За време на викендот ќе има зголемена облачност со умерен северен ветер. Поради спуштање на постудена воздушна маса во ноќните часови кон недела и во недела претпладне врнежите на места ќе преминуваат во снег и ќе бидат со послаб интензитет. Потоа ќе се задржи стабилно време со услови за појава на магла по одделни котлини.
Ново на Сител
-
Тема на денот со д-р Никола Пановски
-
ИЈЗ: Четворица вработени на ЗОО под надзор, еден ќе се тестира за птичји грип
-
Партиски реакции: Одговорност за Арсовска за птичјиот грип во зоолошка
-
Утре почнува вакцинацијата против сезонски грип
-
КСОМ: Газди на приватни фирми спречувале работници да влезат во синдикат
-
ДУИ не дава поддршка
-
Втората најголема градинка во Македонија ќе биде во Прилеп
-
Скрининг или рана детекција на карцином на дојка