Македонија
11. May 2024 - 12:58

Променливо време со повремен дожд и во наредните денови

Во следните денови времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, особено во вторник, кога дневните температури ќе опаднат за неколку степени, соопшти УХМР. 

Минималните утрински температури ќе бидат во интервал од 5 до 12, а максималната дневна ќе достигне 27 степени.