Промоција на графичкиот роман „Олимпискиот сон“

Издавачката куќа „Бункер“ вечер во МКЦ Клуб и ресторан ќе го промовира графичкиот роман „Олимпискиот сон“ од Рајнхард Клајст, преведен на македонски и на албански јазик.
„Олимпискиот сон“ ја раскажува животната приказна на спринтерката од Сомалија, Самија Јусуф Омар, од заканата од екстремните исламисти според кои жените не треба да се занимаваат со спорт во нејзината земја. Го слди учеството на Олимписките игри во Пекинг во 2008 година се до нејзината трагична смрт на 21 година во брод преполн со мигранти пред бреговите на Малта во Средоземното Море.
- Се надевам дека оваа книга праведно ќе ја отслика Самија, и дека нејзината приказна ќе ја подигне нашата свест за фактот дека зад вестите во медиумите за бегалската криза, прашање кое мора да биде адресирано, стојат судбини, а зад апстрактните бројки, човечки судбини, напиша авторот Рајнхард Клајст во предговорот на графичкиот роман
Клајст е еден од најистакнатите германски стрип автори од поновата генерација. Роден е во 1970 година и веќе има поголем број графички романи издадени од најреномиранте издавачки куќи во Германија.
Промотори на графичкиот роман во Скопје ќе бидат проф. д-р Кирил Темков и д-р Васил Тупурковски, претседател на Македонсиот олимписки комитет (МОК).
Ново на Сител
-

На југот на Холандија 200.000 жители предупредени да ја зовриваат водата поради ешерихија коли
-

Модриќ става крај на кариерата по СП 2026
-

Општина Дебар успешно ја реализираше првата фаза од дератизацијата и дезинсекцијата
-

Израел нареди евакуација на 20 градови и села во јужен Либан
-

Лишени од слобода две лица од скопско, при преглед во возилото во кое се превезувале биле пронајдени ловечки пушки
-

СВР-Струмица поднесе кривични пријави против три лица за „лихварство“, „изнуда“ и „тешка кражба на дрзок начин“
-

Истрага за сексуална злоупотреба на 12-годишно девојче во Битола
-

Ѓорѓиевски: Целосно ја реконструираме улицата „101“ во Волково
