Промоција на кампања против ксенофобијата

Во Мобилната галерија ЦАЦ во Паркот на франкофонијата во Градскиот парк и во Капан ан во Старата чаршија денеска и утре ќе се одржат низа настани за промоција на националната кампања против ксенофобијата насловена како „Деца на планетата Земја“.
Музичките и уметничките настани и дискусиите кои се дел од промоцијата имаат за цел да поттикнат на размислување дека сите имаат право да живеат мирно, слободно и безбедно и оти сме способни да ги надминеме растечкиот страв од туѓинци и омразата кон различните од нас.
Со ова завршуваат активностите кои фондацијата „Отворено општество – Македонија“ ги спроведуваше во рамки на концептот Хуманитарна и правна помош за мигранти од 1 септември 2015 година до 30 септември годинава, во соработка со „Легис“, Македонско здружение на млади правници и Хелсиншкиот комитет за човекови права.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Бобан Милошески, Авалон продукција
-

Преглед на вестите од светот
-

Груби не се чувствува виновен за злоупотребата на 9,7 милиони евра во Лотарија
-

26-годишен скопјанец убиен на „Пластичарска“
-

Дали заладувањето го намали ризикот од западно-нилска треска?
-

Состојба со пожарите
-

Панел дискусија: 8 Септември низ призма на неговите непосредни учесници и сведоци на Вила Водно
-

Музички спектакл за Денот на независноста: Дејвид Гета доаѓа во Скопје
