-->
-->
Промовиран прирачник „Тајните на рачната бусола М53“
-->
Во организација на Извидничкиот одред „Димитар Влахов“ синоќа во Велес беше промовиран прирачникот „Тајните на рачната бусола М53“ што го подготви извидникот Бојан Миклош, член на велешкиот извиднички одред и студент на Воената Академија во Скопје.
Според Миклош, целта на издавање на прирачникот е да има стручна литература за оваа алатка.
- Целта е преку прирачникот за оваа алатка - инструмент што секојдневно го користи Извидничката организација да им помогне на извидниците да прочитаат и научат преку прикази и графикони како полесно да се справат со тајните и ракувањето со овој инструмент, кој се користи на терен за ориентација во природа, појаснува Миклош.
Прирачникот не е наменет само за извидниците туку за секој кој е љубител на прошетки во природа и му треба познавање за да се снајде на теренот, во областа на ориентација и топографија.
- Овој прирачник иако има извиднички предзнак и го носи логото на ИО „Димитар Влахов“ од Велес, освен извидниците ќе може да го користат и припадниците на АРМ и полицијата, членовите на планинарските друштва и вработените во шумските претпријатија, вели Миклош.
Ова е прв ваков прирачник за рачната бусола издаден на македонски јазик. Досега се користела стручна литература на српски и други јазици. ИО „Димитар Влахов“ планира издавање и на друга стручна литература на македонски јазик која ќе им биде неопходна за едукација на нивните членови и извидниците во земјава во секојдневните бројни активности.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Уапсен 37-годишник од Скопје, физички нападнал девојка и извршил обљуба врз неа
-
Тепачка меѓу четири лица во скопски Аеродром
-
Пронајдена неексплодирана бомба во водите на Охридското езеро
-
Нова акција против корупцијата во Србија: Уапсени пет лица
-
Жена од Пробиштип измамена, на нејзино име подигнати два кредити
-
Мерц: На Германија треба да ѝ се даде поголема тежина во Европа
-
Антивладин протест во Кишињев
-
Еден загинат во напад на руски дрон во близина на Киев