Промовиран првиот Национален извештај за родов индекс
Првиот Национален извештај за родов индекс, кој треба да помогне во креирање на праведни политики за еднакви можности на жените и мажите беше промовиран денеска во Скопје. Податоците од идексот покажуваат земјава добро стои во некои родови прашања, како делот на моќ или овластувања, ноп оти треба да се работи повеќе на намалување на насилството врз жените, зголемување на приходите и економските услови за жените.
Државната секретарка во Министерството за труд и социјална политика Јована Тренчевска, рече дека податоците од овој индекс ќе претставуваат основа за креирање праведни политики, кои ќе овозможат и жените и мажите да имаат еднакви можности, да имаат пристап до сите ресурси и сите услуги во општеството, во сите области на општственото живеење.
-Тие треба да овозможат политиките кои во иднина ќе се креираат да бидат политики кои се засноваат на специфичните потреби и приоритети и интереси на жените, рече Тренчевска по промоцијата.
Вирве Вимпари од Делегацијата на ЕУ во Скопје, истакна дека земјава котира во некои родови прашања, но оти на други треба да работи со поголемо внимание.
- Македонија добро корира на пример во делот на моќ или овластувања, имаме доста претставници жени во Собранието, но мора со особено внимание да се работи на подобрување на ситуацијата за намалување нанасилството врз жените, зголемување на приходите и економските услови за жените, вели Лангбак.
Директорката на Европскиот институт за родова еднаквост Вирџинија Лангбак вели иднексот на родова еднаквост не ги оценува само законските решенија што ја регулираат оваа сфера, туку, како што рече, значи да е биде жена или маж како поединец, граѓанин, а прави посредби меѓу она што го прават владите во различни земји.
-Ако го споредиме индексот со работата што ја правиме во земјите членки на ЕУ морам да кажам дека Македонија и не е толку лоша, вели Лангбак.
Таа додава дека доколку Владата и државата навистина се грижат за економскиот напредок што го креираат и жените и мажите, тогаш тие мора да инвестираат во намалување на јазот и разликите помеѓу жените и мажите.
Ново на Сител
-
Макрон по средбата со Зеленски: Европа стои зад Украина
-
Карни: Царините на Трамп им штетат на Американците
-
Двајца Македонци загинаа во тешка сообраќајка во Италија | ФОТО
-
Таравари очекува од 40 до 50 пациенти кои се лекуваат надвор од државата да имаат потреба за подолготрајна рехабилитација
-
Маж брутално тепа бремена жена „во живо“ на „ТикТок“ во Радовиш | ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО
-
Една сезона може да биде и 1 милион евра | Игор Стефановски - Иџе | Sitel Podcast 086
-
Пациент кој по пожарот во Кочани се лекуваше во Грција се врати во државава, вечерва се очекуваат уште четворица пациенти од Шпанија
-
Меџити: Шар Планина и Пелистер добиваат нови инфо центри