Промовирана монографија за Делчево

Нови историски аспекти, факти и документи се содржани во монографијата за Делчево од авторот Славчо Десподов, историчар, новинар и културен работник, кој го следи развојот на овој град од антиката до денес како современа културна урбана средина. Монографијата беше промовирана синоќа во Домот на културата.
Напишана е на македонски и на англиски јазик, а нејзиното значење е огромно, истакна промоторот проф.д-р Александар Атанасовски.
Делчево, посочи тој, добива монографија точно по 50 години од првата монографија која ја има за овој град. - Од самото тоа, значењето на ова дело е големо, бидејќи секоја општина треба да има материјални аргументи кои ќе бидат од корист и за самата промоција на општината пред домашни и странски гости, а која останува и натаму а се надградува и аргументира, рече Атанасовски.
Тој истакна дека од историски аспект, монографијата нуди нови факти и податоци кои авторот ги консултирал и од архивите од соседна Бугарија.
- Земено во целина, монографијата претставува еден вид збиена хроника на познати и малку познати, но и воопшто непознати настани од овој простор кои за прв пат овде се објавуваат благодарение на новите археолошки истражувања правени на овој терен и истражувањата кои ги направил авторот во Бугарија, посебно во архивите и музеите во Ќустендил, каде се извадени некои настани посебно за Брегалничката мисија и некои настани меѓу двете светски војни. Посебно интересен е каталогот на археолошките наоди и експонати, природните раритети во општината, културно-историските споменици, пред се, би ги нагласил, историските аспекти и факти на Делчево од минатото до денес, рече Атанасовски.
Авторот Десподов на изработката на монографијата и го посветил целиот свој работен век. Посебно тој ги потенцира новите факти во врска со градот Равен, местото каде е создавана првата словенска азбука Глаголицата од браќата Кирил и Методиј кој тој го лоцира во близина на селото Разловци, во месноста Старото Село.
- Дека Кирил и Методиј престојувале на територијата на Пијанец посебно кај Разловци не пишува само историчарот Јордан Иванова, туку и други тогашни историчари и патеписци, но пред се доказ за тоа се археолошките истражувања на тој терен во 2003 година, каде се најде предмети кои се наоѓаат во Музејот во Скопје, тука е испосничката ќелија на Светата вода која е близина на Разловци, овде се уште се видливи остатоци од темели на куќи, калдрмисано улици остатоци од црква и голем број гробови, а самиот локалитет е по течението на Брегалница. Во близина на локалитетот постојат фортификациски утврдувања, истакна Десподов.
Нови факти, Десподов презентира и за турскиот период во Пијанец.
- Најдов во литература во врска со поп Стојан, водачот на Разловечкото востание, за кои досега многу малку се знаеше за неговиот живот и за неговата смрт, потоа имам доста факти за Пијанечката Република која е многу малку презентирана во историјата, а во врска со културно историското наследство движно и недвижно богатство за одбележување е црквата „Св цар Константин и царица Елена“ во Разловци, која е една од најпознатите и најважните верски и културно-историски споменици во Делчево, рече Десподов.
Оваа монографија е второ издадено дело на Десподов кој во 1993 година го издаде романот „Македон“, а во 2003 година поради неговата богата културна дејност од страна на Општина Делчево беше прогласен за заслужен граѓанин на Делчево.
Ново на Сител
-

Советници на Трамп платени со стотици илјади долари за изборен ангажман во Република Српска
-

Унгарија ја увери Бугарија во целосна солидарност по нападот со дрон во Црното Море
-

Харадинај: Курти повторно го води Косово на избори
-

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании
-

Од лидер до ментор: Flex Group Leadership Academy продолжува со вториот дел од програмата
-

Стоилковиќ се сретна со делегација на Конгресот на локални и регионални власти на Советот на Европа
-

19-годишно момче од Тетово загина во Италија откако паднало од покрив висок седум метри додека работело
-

СЗО алармира: Дебелината кај децата четирикратно зголемена од 1990 година
