Промовирани резултатите од проектот „Еко градинки за одржлива иднина“

Градинки од Струмица, Република Македонија и Ќустендил, Република Бугарија го реализираа проектот „Еко градинки за одржлива иднина“. Денеска на прес конференција во Струмица беа презентирани резултатите од овој проект, во вредност од 400 илјади евра, распределени подеднакво меѓу двата проектни партнери.
За градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски, овој проект е уште една потврда за сериозниот и професионален однос на општина Струмица во поглед на искористувањето на европските фондови.
- Реконструираната градинка во градскиот парк во Струмица, поставените соларни системи за загревање топла вода и енергетски ефикасното осветлување во три детски градинки во Струмица, подготвениот прирачник за еколошко образование на децата од детските градинки од Струмица и Ќустендил, набавената опрема за создавање училници за еколошко образование на деца и многу други успешно реализирани активности се всушност показ на резултатите од проектот ,,Еко-градинки за одржлива иднина“, што успешно е спроведен од страна на проектните партнери од Струмица и Ќустендил, Република Бугарија, рече градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски.
Државниот секретар во Министерството за локална самоуправа, Кирил Парталов, истакна дека според податоците од Министерството за финансии во 2017 година е забележано исклучително високо ниво на искористеност на средства од ИПА фондовите во Република Македонија во износ од 83,2 милиони евра.
- Споредено со 2016 година, кога се искористени 32 милиони евра, што е за два и пол пати помало искористување на овие средства. Во тој контекст општина Струмица покажува одлични резултати и е во самиот врв во користење на средствата од ИПА инструментот, рече државниот секретар во Министерството за локална самоуправа, Кирил Парталов.
На денешната завршна прес конференција присустувваа и претставници на општина Ќустендил и градоначалници од регионот.
Завршувањето на заедничкиот проект продолжи со посета на реконструираниот објект на детската градинска во Струмица, еко забава и официјална промоција на детските еко песнички на градинките од Струмица и Ќустендил.
Ново на Сител
-

Претставничкиот дом на САД го отфрли предлогот на демократите за прекин на војната со Иран
-

Полицијата на Илиноис добила дојава за бомба во куќата на братот на папата Лав
-

Генерал Кејн: САД за три дена вратија 13 бродови кои се обидоа да ја пробијат блокадата на Ормуската Теснина
-

Војната во Иран ја турна инфлацијата во еврозоната на 2,6 отсто, највисоко ниво од јули 2024 година
-

Американската војска е подготвена да продолжи со борбите доколку Иран не се согласи со мировен договор
-

Трамп: Израел и Либан се согласија на десетдневен прекин на огнот
-

Ѓорѓиевски: Започна процесот на одгасување на Вардариште, чекор поблиску до најголемиот мега-парк
-

Возач на камион под дејство на алкохол предизвикал сообраќајна несреќа со материјална штета кај Солун
