-->
-->
Промовирани туристичките потенцијали на Пониква
-->

Во Општина Кочани денеска беа промовирани турстичките и сместувачките капацитети на Спортско рекреативниот центар Пониква. Во присуство на сопственици на угостителски и сместувачки капацитети кои веќе постојат и опстојуваат на Пониква и поширокиот регион, промоцијата ја направи градоначалникот на Кочани Ратко Димитровски, кој ги посочи инвестирањата на општините Кочани и Пробиштип за развој на туризмот на Пониква преку целата година.
- Во Пониква како општини досега вложивме многу пред се на планот на комуналното уредување, изградбата на сообраќајници, водоводна и канализациска мрежа, урбанизација на просторот како и пристапни патишта и осветлување. За развој на зимскиот туризам ќе ја споменам и донацијата на Мепсо, со што се обезбедени три топови за вештачки снег, изградено вештачко езеро со вода за потребите на вештачкиот снег, и уредена ски патека со жичарница за потребите на скијачите, истакна Ратко Димитровски.
На Пониква постојат десетина сместувачки капацитети со 300 легла кои се користат преку целата година.
Како приоритети во развојот на Пониква Димитровски ги спомена изградбата на нова ски патека, седишница со двеста седишта за што ќе бидат вложени 15 милиони евра европски пари. Туризмот е долгорочна стопанска гранка во која сите ние и како општина и како Источен плански регион и како држава ќе вложуваме и понатаму, истакна Димитровски пред стопанствениците.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Flex Group ја лансира Flex Group Leadership Academy – стратешка иницијатива за развој на лидерството во организацијата
-

Туризмот се стабилизира по кризата, но вниманието кај патниците останува
-

Заматена водата за пиење во Кавадарци и Неготино поради дождовите, потребно е да се преврива
-

Македонскиот народен театар одбележува 81 година
-

Зеленски: Ситуацијата на бојното поле е најдобра во последните 10 месеци
-

Секој електронски потпис издаден во Македонија ќе биде признаен како целосно валиден во Црна Гора и обратно, најави Андоновски
-

Во штипскиот Основен суд продолжи судењето против обвинетиот Денис Асанов за извршено убиство
-

Иран собори борбен авион Ф-35 со нов одбранбен систем
