-->
-->
Пронајден пиштол во болнички тоалет
-->
- Вработен во Општата болница „Ферид Мурад“ во Гостивар вчера попладне нашол пиштол и пари оставени во тоалет во едно од болничките одделенија.
По пријавата, полициски службеници утврдиле дека станува збор за пиштол „Црвена застава М-57“ калибар 7,62 милиметри со осум куршуми, футрола и три банкноти од евра и денари.
По проверките, утврдено е дека пиштолот е сопственост на И.С. (68) од гостиварското село Мало Турчане. Тој пиштолот го поседувал со дозвола, а според неговото кажување, пиштолот и парите ги заборавил на местото каде што се најдени. Полицијата врши проверки и го расчистува случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Работниците им го блокираат патот на пратениците до Собранието
-

Владата со одлука - да се проверат на сите фирми кои имаат лиценци за производство на канабис
-

Филипче: Акцијата на власата е дефокус од прашањето како 5 тони дрога поминале низ граница
-

Стручна конференција: Триесет години од атентатот врз Киро Глигоров
-

Охридскиот студентски дом два дена без струја
-

О. Карбинци бара „Safe city“ камери поради црната сообраќајна статистика
-

Преглед на вестите од светот
-

Законот за високо образование „под лупа“, професорите и студентите со сериозни забелешки
