Македонија
25. September 2024 - 13:42

Пронајдена муниција и модели од автоматски оружја кај дилер од Битола

СВР Битола до Основното јавно обвинителство Битола, поднесе кривична пријава против битолчанец К.Т.(29) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи“.

Како што соопшти денеска МВР, пријавениот во повеќе наврати продавал марихуана и амфетамин на други лица од Битола, а при претрес во неговиот дом, полициските службеници пронашле и одзеле марихуана, пет проектили од муниција за пушки, како и модели од автоматски оружја.