Пронајдена торба со човечки коски на насипот - глетката била ужасна

Обезглавен скелет беше пронајден за велигденските празници во торба која исплива од Дунав. Се работи за бордо торба која случаен минувач ја видел на насипот на реката, а кога ја отворил следувал шок, бидејќи внатре имало човечки коски без глава.
Мистеритозната торба е префрлена на Институтот за судска медицина и се чекаат резултатите. Како што пишува Курир, засега се чекаат резултатите за да се открие идентитетот на обезглавениот и искасапениот човек.
Според остатоците кои биле најдени, полицијата се сомнева дека се работи за државјанин на Кина, пронајден е и часовник на кој сказалките покажувале 9 и 20 часот, а целиот грозоморен настан се случи на Велики Петок.
Со истрагата ќе биде потврден идентитетот и тоа дали се работи за маж или жена.
Инаку, торбата ја пронајде случаен минувач кој веднаш го известил чуварот на насипот. Вели дека глетката била ужасна. Коски, ребра, делови од човек во торбата на ужасот.
Полицијата ги чека резултатите.
Ново на Сител
-

Песков: Москва и понатаму очекува разговори со Зеленски
-

Пентагон потпиша седумгодишни договори со производители на оружје
-

ПМФЛ: По бод за Тиквеш и Вардар
-

Руското разузнавање ја обвини ЕУ дека се подготвува за мешање во септемвриските избори во Русија
-

До 18:30 регистрирани 17 пожари на отворен простор, седум активни и три под контрола
-

Меси стави крај на репрезентативната кариера
-

Трамп: Иран е пропадната држава која си ги убива своите граѓани
-

Од утре почнува да сообраќа „Градскиот воз“ на релацијата Зелениково-Скопје
