-->
-->
Пронајдени 60 килограми марихуана на стариот пат Охрид - Струга
-->

Околу 60 килограми марихуана се пронајдени синоќа на стариот пат Охрид – Струга, во близина на мостот на река Сатеска, соопшти МВР.
Дрогата била во 59 пакувања ставени во пет торби, а ја пронашле полициски службеници од СВР Охрид и Криминалистичката полиција - Сектор за недозволена трговија со оружје и опасни материи.
Полициските службеници пронашле и едно пакување со кафеава прашкаста материја која заедно со останатите биле одземени и предадени на вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје.
СВР Охрид и Секторот за недозволена трговија преземаат мерки за целосно документирање и расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Катерина Ацевска светска вицешампионка во џиу – џицу
-

ЦУК: До 18 часот 11 пожари на отворен простор, од кои три се активни - изгаснат пожарот кај село Чифлик
-

Почина таткото на Меси
-

Товарен и патнички воз се судрија во Хрватска, 19 повредени
-

Мицкоски: Карпалак е наша заедничка рана, но и наша обврска да паметиме
-

Охриѓанец на викенд отсуство од затвор ја нападнал својата мајка
-

Гостиварец со „јагуар“ прегазил осумгодишно девојче
-

Малолетник тешко повреден во сообраќајка помеѓу два мопеди
