Пронајдени тројцата странски туристи кои се изгубиле во Националниот парк „Галичица“
Полициски службеници од СВР Битола - ОВР Ресен и спасувачката служба на Црвен крст од Охрид вчера попладне во 17.30 часот ги пронајде тројцата американски државјани, кои се изгубиле во Националниот парк „Галичица“.
Како што информира МВР, Н.А.(33) од САД вчера во 15.42 часот во СВР Битола пријавила дека таа, нејзиниот сопруг Л.Ц.(33) и нејзиниот брат J.A.(30), сите државјани на САД, се изгубиле во Националниот парк „Галичица“.
Според пријавеното, тие тргнале да планинарат кон врвот Галичица, при што се разделиле и по кратко време се изгубиле.
Од МВР посочуваат дека веднаш по пријавата, полициски службеници од СВР Битола - ОВР Ресен заедно со спасувачката служба на Црвен крст од Охрид извршиле пребарување на теренот, по што лицата биле пронајдени. Лицата подоцна биле спуштени на патеката што води кон село Лескоец, каде биле прифатени и со возило од Националниот парк „Галичица“ биле транспортирани до асфалтниот пат Царина-Трпејца.
Сите тројца биле прегледани од екипа на Итната медицинска помош Ресен и било констатирано дека се во добра здравствена состојба, по што заминале во сместувачкиот објект во Охрид.
Ново на Сител
-
Гужви на граница
-
Коцевски: Истрагата за пожарот во Кочани мора да заврши во законски предвидениот рок од 90 дена, односно до 16-17 јуни
-
Фатен бегалец од затвор, четири години бил во бегство
-
Уапсен е гевгеличанецот кој со месеци демнел семејство од Скопје
-
23-годишен штипјанец се обидел со секира да ја нападне сопствената сестра
-
Песков: Договорот за прекин на војната со Украина не е можно брзо да се постигне
-
Трамп: Би сакал јас да бидам папа
-
42-годишен кавадарчанец ограбил 11 куќи и викендици за пет месеци