Пронајдени „значајни“ докази при претрес на домот на еден од осомничените за „Сараево сафари“

Обвинителството во Милано денеска соопшти дека италијанската полиција запленила „значајни“ докази при претресот на домот на еден од четворицата Италијанци, против кои се води истрага за учество во „Сараево сафари“.
Помеѓу запленетите докази има фотографија од осомничениот, 65-годишен маж кој живее во областа Александрија, со техничка опрема и придушувач. Претресот е спроведен врз основа на сведочењата на неговата поранешна сопруга и поранешна партнерка.
Поранешната партнерка на осомничениот изјавила дека тој имал ноќни кошмари бидејќи во 90-тите години од минатиот век убивал муслимани во Босна и Херцеговина.
- Ми кажа дека знаел да отпатува од Милано со авион, во кој имало и други луѓе и викендот го поминувале … како снајперисти и пукале врз муслимани, навела поранешната партнерка на осомничениот во чиј дом бил извршен претрес.
Тој за време на испитувањето се повикал на правото на молчење.
Другите осомничени се 80-годишен поранешен возач на камион од покраината Порденоне, 64-годишен бизнисмен кој живее во Бријанца и лице од Тоскана.
Осомничените плаќале големи суми пари на силите на босанските Срби за да можат да пукаат во цивили од нивните позиции за време на опсадата на Сараево, што траеше од 5 април 1992 до 29 февруари 1996 година односно 1.425 денови.
Според официјалните бројки на БиХ, за време на најдолгата опсада во историјата на модерното војување, во Сараево убиени се повеќе од 11.500 луѓе, меѓу кои и неколку стотици деца. Голем број од овие жртви беа застрелани од снајперисти распоредени на ридовите околу градот.
Обвинителството во Милано минатата есен почна прелиминарна истрага по жалбата на италијанскиот новинар и писател Ецио Гаванеци, заснована првенствено на две сведоштва во документарниот филм „Сараево сафари“ на словенечкиот режисер Миран Зупанич, објавен во 2022 година.
МИА
Ново на Сител
-

Прекин на сообраќајот на патот Прилеп–Градско кај Ореовец поради превртено товарно возило
-

„Мерцедес“ ги крати трошоците поради неконкурентност, „Фолксваген“ пред затворање фабрики и укинување 100.000 работни места
-

Два активни пожари на отворен простор во Василево и Прилеп, пет изгаснати
-

Трамп: Иранските напади со дронови врз бродови во Ормуз е кршење на прекинот на огнот
-

Притворен македонскиот државјанин за убиството на 45-годишната жена на Крит
-

Еден час пауза во Собранието - заврши општиот претрес на измените на Законот за основно образование
-

Градоначалничката на Кисела Вода го пречека победникот на „Ѕвездите на Гранд 2026“ Бојан Илиевски
-

Љутков: Што и да се случи, секогаш стојам зад културата
