Пропадна тендерот за рушењето на дивоградбата кај Мавровка
Пропадна тендерот на општина Чаир за фирма која ќе ги урива дивоградбите во општината. Ниту една фирма не се пријави на отворениот повик, објавува Телевизија 24.
Оттаму велат дека веднаш ќе биде отворен нов јавен повик, со истите критериуми. Нелегалниот објект пред ТЦ „Мавровка“ останува и понатаму да стои, иако градоначалникот Висар Ганиу најави дека доколку по дадениот рок непознатиот инвеститор сам не го сруши објектот, неговото уривање ќе го направи општината. Но иако во јавниот повик за фирма која ќе го врши ова уривање, но и сите останати во општината, немало посебни услови, сепак до затворањето на повикот не аплицирала ниту една фирма.
Од општината велат дека веќе утре повторно ќе биде објавен нов повик, но не дадоа информација што доколку и по следниот повик не се појави фирма која ќе се пријави, кој и како ќе ја сруши дивоградбата пред ТЦ „Мавровка“, која никна на местото на опожареното кафуле „Фонтана“.
Ново на Сител
-
Што и како помага психотерапијата | Елена Џебр | Личен развој | Sitel Podcast 031
-
Повреден малолетник, истепан со дрвени и метални предмети од други малолетници
-
Кривична против тројца скопјани за „убиство во обид“ и „соизвршителство“
-
54-годишна скопјанка пронајдена почината
-
ДИК не го прифати приговорот за гласањето во Липково
-
Рендевски и Алексовски автори на поглавје во книгата „Двете страни глутаматот“
-
Пронајдена граната во близина на камп во Гевгелија
-
Приведен тинејџер, полицијата кај него пронашла дрога