-->
-->
Просечната нето плата во декември 25.784 денари
-->
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во декември лани изнесувала 25.784 денари и во однос на декември 2017. е зголемена за 8,1 процент, објави денеска Државниот завод за статистика.
Зголемувањето се должи, пред сè, на повисоката просечна месечна исплатена нето-плата по вработен
во секторите: Информации и комуникации (28 проценти), Уметност, забава и рекреација (24,3 проценти) и Рударство и вадење на камен (20,9 проценти).
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во декември во однос на ноември лани е зголемена во секторите: уметност, забава и рекреација (22,1 процент), информации и комуникации (22,1 процент) и трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (12,3 проценти).
Бруто-платата по вработен во декември лани изнесувала 37.704 денари
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Исходот од пукање петарди може да биде фатален
-
Oхрид атрактивен за туристите
-
Во Прилеп пред празниците се одржува Новогодишниот базар
-
Бизнис секторот оценува дека 2025 ќе биде успешна година за македонското стопанство
-
Во 2024-та во Штип купени 270 станови, некои и по цена за 1380 евра за м2
-
Преглед на вестите од светот
-
Мајмунски сипаници во Косово - Мали се шансите за пренес во Македонија
-
Тема на денот со Злате Мехмедовиќ