-->
-->
Просечната нето плата во јуни 22.025 денари
-->
Просечната исплатена нето плата по вработен во Македонија во јуни годинава изнесувала 22.025 денари и е за 3,7 отсто поголема од јуни лани, соопшти Државниот завод за статистика.
Порастото се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето плата во секторите - Уметност, забава и рекреација (23.6%), Други услужни дејности (11.5%) и Рударство и вадење на камен (8.6%).
Намалување на нето платата, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите - Стручни, научни и технички дејности (7.0%), Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (7.0%) и Дејности во врска со недвижен имот (5.0%).
Во јуни годинава, плата не примиле 1.9% од вработените во Република Македонија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Почина таткото на Тоше, Никола Проески
-
Од утре до понеделник јавниот превоз во Скопје по неделен возен ред
-
Изречени 34 санкции за возење под дејство на алкохол на подрачје на СВР Битола
-
Пронајдено лице пријавено за изгубено во Парк - шумата Водно
-
Претрес во Мала Речица, пронајдена дрога
-
ЦУК: Три пожари на отворено, апел за внимателност поради наглите метеоролошки нестабилности
-
Уставниот суд ќе ја одржи 15. седница
-
Арсенал се надева дека Жоргињо ќе го продолжи договорот