Просечната плата во декември 28.294 денари, забележан раст од 5,4 отсто
Просечната исплатена нето плата во декември 2020 година изнесувала 28.294 денари и бележи раст од 5,4 отсто, објави Државиот завод за статистика.
Според објавените податоци, ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите информации и комуникации за 15,5 отсто, рударство и вадење на камен за 10,5 отсто и дејности на здравствена и социјална заштита за 10 отсто.
Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите информации и комуникации за 14,4 отсто, финансиски дејности и дејности на осигурување 12,5 отсто и рударство и вадење на камен за 10,6 отсто.
Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во декември 2020 година, изнесува 42.227 денари.
Ново на Сител
-

По децении дивоградби аеродромот во Охрид и МВР добија имотен лист
-

Обвинетиот Стојанче Јовановски прво призна вина, па се предомисли
-

Мицкоски во Унгарија
-

Тема на денот со Арбен Таравари, претседател на Алијанса за Албанците
-

Сител сторија: Спомен домот на Разловечкото востание конечно ќе види светли денови
-

Обвинетиот Стојанче Јовановски прво призна вина, па се предомисли
-

Убиство во Росоман, ја усмртил мајка си и се пријавил во полиција
-

Отфрлена претставката на обвинителката Ристоска, изјавите на премирот не биле притисок
