Просечната плата во јануари 24.025 денари
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во Македонија во јануари годинава изнесува 24.025 денари и е за 5,6 отсто повисока од јануари лани, соопшти Државниот завод за статистика.
Растот се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Уметност, забава и рекреација (37.3 %), Рударство и вадење на камен (20.3 %) и Земјоделство, шумарство и рибарство (12.5 %).
Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Уметност, забава и рекреација (31.4 %), Рударство и вадење на камен (10.1 %) и Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (6.3 %).
Просечната месечна исплатена бруто-плата, пак, во јануари 2018 изнесува 35.225 денари.
Ново на Сител
-
Нејмар: Светското првенство во 2026 година ќе биде мое последно
-
Наскоро ќе потпишам нов договор со Барселона, потврди Јамал
-
Баерн прави последен обид да го задржи Алфонсо Дејвис
-
Поскапуваат Дизелот и Бензинот
-
Двајца загинати, повеќемина повредени во пожарите во Лос Анџелес, прогласена вонредна состојба
-
34-годишна жена нападната и ограбена кај Бит Пазар
-
Маск му одговори на Трудо со „девојко“
-
Почина кучето Феликс кое беше претепано крвнички во Момин Поток