Просечната плата во јули 22.334 денари
Во јули годинава просечната месечна исплатена нето-плата по вработен изнесува 22.334 денари и е за 2,2 отсто повисока во споредба со истиот месец лани, а 1,6 отсто од вработените воопшто не примиле плата.
Според податоците на Државниот завод за статистика, зголемувањето се должи на повисоката просечна месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите Градежништво за 9 отсто, Административни и помошни услужни дејности 6,7 и Информации и комуникации за 6,2 отсто.
Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли од 3,6 отсто, Преработувачка индустрија 3,4 и Административни и помошни услужни дејности 1,8 отсто.
Просечната, пак, месечна исплатена бруто-плата по вработен, во јули годинава е повисока за 2,2 отсто во споредба со јули 2015 година.
Зголемувањето е резултат на повисоката просечна месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите Градежништво за 9,1 отсто, Административни и помошни услужни дејности 6,4 и Земјоделство, шумарство и рибарство 6,2 отсто.
Зголемување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли за 3,4 отсто, Преработувачка индустрија 3,3 и Административни и помошни услужни дејности 2 отсто.
Ново на Сител
-
Двојно убиство во Стајковци - си ги убил братот и снаата
-
Специјализантите и натаму бараат плата
-
Тема на денот со Илина Мангова, ИРИ
-
Двојно убиство во Стајковци
-
ДИК прифати 7 приговори, прегласување на 22 мај
-
Работните групи за владина коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди стартуваат со работа
-
Нови реакции за говорот на Силјановска од европските земји и Грција
-
Анкета на ИРИ: Македонците сакаат во ЕУ, но не веруваат дека Унијата ќе ги отвори вратите