Проширен капацитетот на пунктот за бездомни лица во Момин Поток

Пунктот за бездомни лица, лоциран во Момин Поток, доби нови простории при што е зголемен капацитетот на прифатилиштето за 16 кревети.
Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и претседателот на Советот, Ирена Мишева, денеска присуствува на пуштањето во употреба на новиот контејнер што Град Скопје го набави и постави од пренаменетите средствата во износ од два милиона денари.
- Овие средства што беа предвидени за Новогодишната прослава, Градот ги намени за проширување на капацитетот на Пунктот за бездомници во Момин Поток, и сега двојно е зголемен капацитетот. Досега имаше само 16 кревети, а сега сместувачкиот капацитет на прифатилиштето е зголемен за уште 16 кревети и тој располага со вкупно 32 кревета, истакна Трајановски.
Според евиденцијата на Црвениот крст на Град Скопје, пунктот го посетуваат 170 бездомни лица, од кои дневно го посетуваат 65 бездомници и ги добиваат сите потребни услуги.
Секретарот на Црвениот крст на Скопје, Сузана Тунева-Пауновска рече дека системот којшто го спроведуваат во пунктот со користење на услугите на медицинска заштита и лекови, облека, психолошка поддршка, правна помош и други услуги се покажал како добра пракса и дека сега со зголемување на капацитетите уште повеќе се зголеми квалитетот на грижата за овие бездомни лица.
Градоначалникот Трајановски им додели благодарници на граѓани, организации и компаниии коишто со својата хуманост во текот на изминатата година се издвоиле од преостанатите хуманисти.
Добитници на благодарници се: Зорица Спасов, Алумни асоцијација, Тетекс АД, GLAZBAUNING и д-р Стојче Тоциновски.
Ново на Сител
-

Трамп ги нарече сојузниците „кукавици“: НАТО е „тигар од хартија“ без САД
-

Уапсени девет возачи за безобѕирно управување возило, шест од нив возеле без дозвола, меѓу кои и еден малолетник
-

Вучиќ: Србија не е опасност за регионот
-

ПМФЛ: Работнички го совлада Силекс, Тиквеш убедлив против Брера
-

ОЈО ГОКК бара притвор за директорот на Државниот инспекторат за земјоделство за примање поткуп од 50 000 евра
-

Почина легендарниот Чак Норис
-

Саудиски министер за надворешни работи: Го задржуваме правото да преземеме воена акција против Иран
-

Аксиос: САД размислуваат за заземање на иранскиот остров Харг за да го принудат Техеран повторно да ја отвори Ормуската Теснина
