Просветните работници во Грција за утре закажаа штрајк- училиштата ќе бидат затворени
Поради новиот закон од Министерството за образование и во пресрет на неговото гласање во грчкиот Парламент, синдикатите на просветните работници во Грција за утре закажаа 24часовен штрајк, со што училиштата во земјата ќе бидат затворени, јави дописничката на МИА од Атина.
Преку штрајкот и протестите, просветните работници бараат да се повлече и да не се гласа законот, бараат да се поништи амандманот за пренесување во живо на часовите, со помош на камери во училниците, бараат да се зголеми финансирањето на образованието од државниот буџет, како и да се преземат сите неопходни здравствени мерки за безбедно работење на училиштата.
Синдикатите на просветните работници добија поддршка и од синдикатот на вработените во јавниот сектор.
Паралелно, за утре напладне е закажан е и протест во центарот на Атина, додека пак за во среда попладне синдикатите на просветните работници најавија нов собир, но и концерт пред грчкиот Парламент во исто време додека пратениците гласаат за новиот закон со измените во образовниот систем.
Протести се закажани и во другите грчки градови.
Ново на Сител
-
Бајден разговараше со Нетанјаху и ја повтори загриженоста на Америка поради инвазијата врз Рафа
-
Три лица во Прилеп истепале 20-годишник
-
Скопјанец нападнат од маж и жена во автобус
-
Малолетник избоден во Куманово
-
Од среда до викендот нестабилно со пороен дожд и грмежи
-
Мицкоски и Таравари разговарале за принципите за идно коалицирање и заедничка соработка
-
Уапсени во Косово маж и жена, руски државјани, влегле од Србија без визи
-
Зеленски до Парламентот поднесе предлог-закон за продолжување на мобилизацијата