-->
-->
Протест денеска пред домот на Крсто Мукоски
-->
Од партијата „Единствена Македонија“ најавуваат дека вечерва во 19.00 часот ќе одржат протест пред домот на пратеникот Крсто Муковски. Како што стои во партиското соопштение, протестот е наречен собир.
„Кризниот штаб против промена на Уставот, распуштање на Собранието и распишување на избори „Македонија-Блокира“, денес, среда, 7 ноември 2018 ќе одржи собир пред домот на пратеникот Крсто Муковски во Вевчани во 19:00 ч“, соопштија од таму.
Инаку, пред неколку дена осумдесет и четири организации – политички партии, невладини организации, граѓански иницијативи од земјата и дијаспората потпишаа Повелба за стратешка соработка. Обединети под зборовите „Македонија блокира“, потписниците на повелбата ќе организираат протести пред Собранието на Република Македонија, пред домовите на пратениците кои гласаа за уставните измени, блокада на патишта и гранични премини и други форми на отпор под чиј притисок, како што велат, Владата и Зоран Заев ќе бидат принудени да си заминат.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ: Николовски потрошил близу 1 милион денари во ресторани
-
Невладините бараат измени на Законот за младински политики
-
ОПМ: Мерката за ограничување на маржите е корисна
-
Нова опасност за македонските сточари
-
Преглед на вестите од светот
-
Модуларната болница кај Инфективна ќе ја користи затворот Идризово
-
Конструиран младинскиот клуб во Собрание - Пратениците бараат институциите да ги слушнат младите
-
Реинкарнација на текстилното производство во Штип