Протест на машинскиот и извршниот персонал на МЖ Транспорт, најавена блокада на железничкиот сообраќај
Машинскиот и извршниот персонал на МЖ Транспорт денеска од 12 часот почна бојкот, а во 14:30 часот, како што најавуваат, нема да тргне ниту возот за Битола.
Бараат зголемување на вредноста на бодот за 30 проценти, исплата на вториот дел од платата за февруари, исплата на ноќна работа за кондуктерите и исплата на намален број на извршители согласно член 168 од колективниот договор. Од синдикатот бараат и вработување на 40 машиновозачи за што, како што велат, уште во февруари имаат испратено барање до Министерството за транспрот и врски, Министерството за финансии и до Владата.
– Бојкотот ќе трае се до исполнување на барањата. И да пуштат плата денес, бојкотот ќе продолжи додека не бидат исполнети сите барања, изјави Тони Димовски, претседател на машиновозачите и претставник на машинскиот и извршниот персонал на МЖ Транспорт.
Според Димовски, досега нема најави за средба со менаџментот на компанијата.
Ново на Сител
-
153 години од раѓањето на Гоце Делчев
-
Експертите бараат казна затвор за возење под дејство на алкохол или немање возачка
-
8 години затвор - највисока казна за смртен исход во сообраќајка во последните 6 години
-
Каролина Симоновска разрешена од директорската функција – Катерина Бошковска нов директор на клиниката Козле
-
Онкологија и Хематологија добија многу поголем буџет од ФЗО
-
Мицкоски: Нелогично е да има цигари во минималната кошница
-
Се тестираат кандидати – се готват коалиции за локалните избори
-
Само 15 инспектори во војна за здрава животна средина