Протест на новинарите: Насилството, заканите и притисоците мора да запрат

Време е да се направи разлика кој е за слободна и демократска Македонија, а кој е за насилниците, порача денеска претседателот на ЗНМ Насер Селмани на протестот на новинарите пред Владата, организиран од ССНМ.
Новинарите кои протестираа пред Владата носат пароли на кои е испишано „Копилињата нема да стивнат“, „Слободните медиуми не може да бидат замолчени“, „Пајакот убива, зарем не?“ и го изразуваат своето незадоволство поради случајот со претседателот на ЗНМ кој реагираше за нападот од високиот функционер на ДУИ Беким Асани врз полициска службеничка која интервенирала со „пајак“ за да го крене неговото возило.
Селмани поради својата реакција добивал закани од Асани, но и од членови на неговото семејство.
– Долга е раката на пајакот, но јас не се плашам од пајаци. Нападот врз Насер е напад на сите новинари. Бараме полициска заштита за Селмани и пристапување на Обвинителството, порача претседателката на ССНМ Тамара Чаусидис.
Таа додаде дека Владата треба да преземе мерки во врска со овој случај и оти потребни се дела, а не реакции и соопштенија.
– Дојдовме тука затоа што чашата се прелеа, новинарите постојано се изложени на закани и притисоци, се спроведува цензура по телевизиите, рече Селмани.
Истакна дека не може да се прифати оти во Владата има добри и лоши момци и апелира дека оваа Влада има обврска да ги замолчи насилниците.
– Имате обврска да ги замолчите насилниците, во спротивно ќе станете нивни соучесници. Еден режим испративме, нема да дозволиме да се воспостави нов. Не им се плашам на насилниците. Не му се плашев на Груевски, не им се плашам на насилниците на ДУИ и на оние кои молчат и седат во иста Влада со нив, порача претседателот на ЗНМ.
Пред новинарите се обрати и министерот за без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност Роберт Поповски кој во името на сите коалициски партнери најостро го осуди овој вербален напад, но и сите напади што се случуваат врз новинари во Република Македонија без разлика од која страна доаѓаат тие напади.
- Оваа Влада има нулта толеранција за какви било закани врз новинари и никој од заканувачите нема да биде заштитен, порача Поповски.
Напомена дека Владата не е единствената институција која треба во овој случај да ја заврши својата работа, додавајќи дека сега на потег е Обвинителството.
- Цензурата е забранета со Уставот на Република Македонија и таа не смее да се случува, рече Поповски.
Состојбата во медиумите во Македонија ја оцени како подобра во однос на порано и додаде оти има инциденти и поединечни случаи, но дека се работи на тоа ваквите појави да бидат сведени на минимум и целосно спречени.
Ново на Сител
-

Владата го усвои Предлогот за измени и дополнувања на Буџетот за 2026 година
-

Русија ја бомбардираше Украина со комбиниран напад на роденденот на Путин
-

Меси: Дадов сè за Аргентина
-

Сиљановска-Давкова ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Турција, Алпер Акташ
-

Уапсен 32-годишник кој украл вкупно 12 велосипеди на подрачјето на Скопје
-

Уапсен вишиот јавен обвинител од Битола, Пецо Везироски
-

Николоски: Владата работи на развој на Коридорите како стратешка предност за економска и политичка стабилност
-

Мицкоски: Ќе дојде денот кога лидерите од опозицијата ќе се срамат од тоа што им го прават на Македонија и Македонците
