Протест на студентите од дисперзираните студии на ДУТ во Кичево
Пред просторите на зградата каде што се одвива наставата од дисперзираните студи на ДУТ во Кичево денеска студентите од 3-та и 4-та година од смеровите информатика, англиски и германски јазик протестираа поради барањето од матичниот универзитет студиите да бидат префрлени во Тетово.
Од секторот за информирање на ДУТ –Тетово велат дека оваа одлука е донесена поради фактот дека ниту една група за студирање не го исполнува потребниот минимум од 20 студенти за да опстојуваат дисперзираните студии.
Од друга страна пак студентите кои денеска протестираа најавија дека ќе протестират се до исполнување на нивните барања односно се до повлекување на одлуката на матичниот универзитет за нивно префрлување во Тетово. Студентите бараат студиите да ги продолжат во Кичево каде што и ги започнале.
Ново на Сител
-
СДСМ утре избира претседател - зошто Филипче нема ниту еден противкандидат?
-
Нема алтернатива за ЕУ
-
Над 160 веб страници за нелегално онлајн обложување ќе бидат затворени
-
Какви цени нуди Охрид
-
Преглед на вестите од светот
-
Aсмир Јахоски во Шутка - Судот ја прифати жалбата на обвинителството
-
Вучиќ: Ќе го уапсиме секој кој ќе предизвика нереди
-
Тема на денот со Љуљазим Фаризи, аналитичар