-->
-->
Протест на „За заедничка Македонија“ во Струмица
-->
Не за Тиранската платформа, не за двојазичност, не за федерализација и разнебитување на Македонија испратија вечерва учесниците на протестот на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ што се одржа во Струмица.
Говорниците ја истакнаа опасноста која, според нив, и се заканува на Македонија доколку се усвои и реализира платформата. Тој документ е наметнат од странство, а го загрозува суверенитетот и интегритетот на Македонија и, како што рекоа, има единствена цел за бришење на Македонија и нејзиниот идентитет.
Затоа побараа од политичарите одговорно однесување во заштита на државните интереси, името Македонија, знамето, химната и државните обележја.
Граѓаните потоа одржаа мирен протестен марш низ центарот на Струмица.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Македонија под снег
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Илија Димовски
-
Македонија под снег - Радост за најмладите, проблеми за возрасните
-
Македонија под снег - радост за најмладите, проблем за возрасните
-
Охрид се мобилизира
-
УХМР најавува снежни врнежи и утре
-
Панихида за Мара Бунева во Скопје