Свет
25. November 2015 - 8:55

Протест пред амбасадата на Турција во Москва

Над 600 лица протестираа синоќа пред амбасадата на Турција во Москва, откако Турција го собори рускиот авион на границата меѓу Турција и Сирија, јави ТАСС.

Демонстрантите носеле транспаренти на кои пишувало „Нож забиен во грб“ и „Не одиме во Турција“.

Руското Министерство за одбрана објави снимка која потврдува дека рускиот авион Су-24 во ниту еден момент не го напуштил сирискиот воздушен простор.

Податоците кои ги објави руското Министерство за одбрана, покажуваат дека Су-24 во ниту еден момент не влегол во турскиот воздушен простор и оти е нападнат додека изршувал легитимни маневри над Сирија.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека Турција има право да ги штити своите граници и истакна дека Турција на секој начин настојувала да избегне да дојде до инцидентот.