Протест против одлуката за изградба на објектот кај Мајчин дом

Граѓаните на Општина Аеродром денеска се собраа на протест откако завчера Уставниот суд донесе одлука да не поведе постапка по поднесувањето на иницијативи за ДУП И10, со што е опфатена и парцелата кај Мајчин дом.
Демонстрантите реагираат дека градоначалникот Марин треба да преземе сериозни чекори и оти како градоначалник треба да знае како да се справи.
– И понатаму бараме оставка од градоначалникот Златко Марин, затоа што се покажа дека не умее да ги исполни предизборните ветувања. Деновиве сме сведоци на менување на Уставот, тоа значи дека возможно е да се промени ДУП-от, вели Искра Манојлоска од граѓанска иницијатива „Сакаме Аедродром да дише“.
Минатиот месец во јавноста протекоа информации дека Општина Аеродром издала дозвола за изградба на зграда до Мајчин дом, по што локалните жители одржаа протест на 9 октомври. Потоа градоначалникот Марин издаде 15-дневна времена забрана за изведување на градежните работи, а жителите повторно се собраа на 10 октомври со цел да бараат зграда на тоа место воопшто да не биде изградена.
Од Општината претходно информираа дека ДУП И10 е донесен тајно и без дебата од претходното општинско раководство предводено од ВМРО-ДПМНЕ.
На 31 октомври од Општина Аеродром соопштија дека се исцрпени сите механизми за стопирање на зградата кај „Мајчин дом“ по одлука на Уставниот суд за неповедување на постапка по поднесените иницијативи за ДУП И10. Инвеститорот на зградата кај „Мајчин дом“ најави дека ќе изгради нов парк во Аеродром.
Ново на Сител
-

Нема да ја екстрадираме Ива Михаилова, вели бугарскиот министер за внатрешни работи
-

Претреси на 40 локации низ државата, пронајдени дрога, оружје, пари и мачети
-

Брвеница утре избира градоначалник, денеска гласаат болни, изнемоштени и затвореници
-

Специјална Олимпијада: Историски успех на нашите атлети во Малта
-

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри
-

Јабланица чека да биде прогласена за национален парк
-

Стресот и анксиозноста сѐ поприсутни кај младите, стереотипите ги кочат да побараат помош
-

Преглед на вестите од светот
