Балкан
31. January 2018 - 14:57

Протест против рекордното загадување на воздухот во Приштина

Во косовскиот главен град Приштина денеска се одржаа протести против преголемото загадување на воздухот во градот, на кои учествуваа претстатавници на политичките партии како и поголем број граѓани.

Со маски на лицата, демонстрантите беараа да се преземат мерки против рекордното загадување. Градските власти го ограничија движењето на сите приватни автомобили во градскот центар од шест до 22 часот, а автобусите се бесплатни за граѓаните.