Протест во Букурешт за убиена тинејџерка, откази во полицијата

Романскиот министер за внатрешни работи му даде отказ на шефот на полицијата откако во едно село на југот од земјата беше убиена тинејџерка, која имала испратено повеќе телефонски повици за итна реакција, но истите биле занемарени. Неколку илјади лица синоќа протестираа заради начинот на кој властите постапија во случајот, јавија романските медиуми.
Малолетната Александра Макесану(15) дури три пати го повикала европскиот број за итни случаи (112), кажувајќи дека е грабната од маж додека стопирала за да се врати во своето родно село од блискиот град Каракала, на југот од Романија, пренесуваат британските медиуми.
Нејзиното семејство тврди дека надлежните на ја сфатиле сериозно ситуацијата, додека полицијата наведува дека имале проблем да ја најдат.
На полицијата и беа потребни 19 часа за да ја лоцира девојката и да влезе во куќата во која пронашле и остатоци од луѓе и накит што девојката го носела, по што привеле 65-годишен маж на испитување, јави Би-Би-Си.
Полицијата се сомнева дека посмртните остатоци што ги нашле се на 15-годишната Макесану и на 18-годишната девојка од блиското село која исчезна во април, но форензичарите допрва треба да го потврдат нивниот идентитет.
Проценките се дека низ центарот на Букурешт демонстрираа околу 2.000 Романци во знак на протест за начинот на кој властите постапија во овој случај, носејќи транспаренти на кои пишуваше „Корупцијата убива“, „Нивната крв е на вашите раце“, и „Ја убиваат Романија“, пренесува Би-Би-Си.
Ново на Сител
-

Тошковски: Одговорност ќе се побара од секој кој со извршување или неизвршување бил вклучен го загадувањето на водата во Гостивар
-

Иран: Секоја британска база што ќе ја користат САД ќе биде легитимна цел
-

Приведен возач-почетник, возел двојно над дозволената брзина на автопат со 211 км/чaс | ФОТО
-

Ангелов: Во Гостивар, вчера и денеска испорачани околу 200.000 литри пакувана вода
-

Герасимовски: Со личен пример да покажеме солидарност, прв ќе донирам, ги повикувам и советниците да ме следат
-

Тошковски: Во гостиварскиот водовод се врши плакнење и хиперхлорирање
-

Трамп: Иран ќе се соочи со голема воена казна поради нападите на Хутите во Црвеното Море
-

Еден осомничен за обид за тешка кражба во Скопје
